Шкотските полицајки ќе можат да носат хиџаб

Полицијата во Шкотска има официјално одобрение за носење на хиџаб со цел вклучување на муслиманките во нејзините редови.

– Хиџабот ќе стане можен додаток на униформата. Целта е да се убедат муслиманките, кои досега размислуваа за кариера во полицијата, да ја преиспитаат одлуката, се наведеува на интернет-страницата на шкотската полиција.

Досега шкотските полицајки можеа да носат муслиманска шамија откако ќе станеа началнички.

Полицајките во Лондон, во Манчестер и други британски градови повеќе децении имаат право да носат хиџаб.

И Канада во вторникот дозволи носење на хиџаб за припадничките на федералната полиција.