Скратен списокот на Аргентина

Селекторот на фудбалската репрезентација, Алехандро Сабела отпиша уште четири фудбалери од списокот со репрезентативци кои конкурираат за настап на престојниот Мундијал во Бразил.

Искусниот стручњак потврди дека на неговиот список сега има 26 репрезентативци, а конечниот список ќе биде познат најдоцна до 2 јуни кога е последниот термин за пријавување 23 фудбалери кои ќе настапат прво во групната фаза.

Престојниот Мундијал во Бразил од пред малите телевизиски екрани ќе го следат дефанзивците на Ривер Плата и Бенфика, Габриел Мачадо и Лисандро Лопез, потоа играчот за врска од редовите на Катанија, Фабиан Ринаудо и напаѓачот на Вердер од Бремен, Франциско ди Санто.

Популарните „гаучоси” се натпреваруваат во групата „Ф”, каде за противници ги имаат репрезентациите на БиХ, Иран и Нигерија.