Скриени бројки и букви во окото на Мона Лиза

Скриени бројки и букви во окото на Мона Лиза
Скриени бројки и букви во окото на Мона Лиза

Пред неколку години, откриена е уште една необична тајна на најпознатата слика во историјата на уметноста – микроскопски „кодови“.

Повеќе од 500 години, оваа слика привлекува внимание и всхит, но дури членовите на италијанскиот национален комитет за културно наследство, ја откриле оваа тајна- само една од многуте кои Да Винчи ја впротнал во својата најпозната слика.

Силвано Винчети, претседател на комитетот во тоа време кога се откриени кодовите (2010), истакнал дека овие симболи не можат да се видат со голо око, но дека се многу воочливи под лупа.

Иако е тешко да се воочи секој симбол, поради староста на сликата, во Мона Лиза на левото око се видливи букви и бројки. Комитетот открил дека во десното око се наоѓаат буквите „L“ и „V“, што би можело да претставуваат иницијалите на Леонардо.

Винчети додал дека мостот во позадина го открива бројот 72, иако бројот 7 може да претставува и буква „L“.

Бидејќи симболите се лесно воочливи, Винчети истакнува дека е необично како до сега никој не ги открил. Првите истражувања покажуваат дека се работи за автентични симболи, кои во сликата ги внел самиот уметник, а не некој сликар подоцна.

Винчети додал дека Леонардо посебно ја нагласил Мона Лиза и дека е познато дека последните години од животот ја носел со себе оваа слика каде и да одел. Исто така, знаеме и дека Да Винчи употребувал симболи за да пренесе порака.

Инаку, Винчети е припадник на група која бара дозвола за есхумација на остатиците на Да Винчи, за научниците да го реконструираат лицето на уметникот и да откријат дали иа вистина во теоријата дека Мона Лиза е некаков облик на автопортрет.