Ова може да бидат скриени симптоми на ракот

Болката во грлото може да ја замените со преголема чувствителнсот на грлото на студеното зимско време, но често долготрајните болки во грлото може да бидат симптоми на рак на грлото.

Кашлица, болка, крв во столицата или мокрачата… Ова се симптоми што мора да ги сфатите сериозно затоа што може да бидат симптоми на малигно заболување. Ако на телото воочите било какви израстоци или заоблувања, најдобро е веднаш да се јавите кај лекар, како и ако забележите лимфен чвор поголем од еден сантиметар, кој може но и немора да биде болен, а се јавува најчесто под пазувите или на препоните.

Лекарот ќе ве прати на понатамошни испитувања, на анализа на крвта или на преглед со ултразвук.

Кои се скриените симптоми на ракот?
Кои се скриените симптоми на ракот?

Кај кашлицата треба да бидете внимателни ако тој симптом не се поврзува со некои од акутните инфекции од вируси или бактерии, како што се хроничниот бронхитис или инфекциите на дишните патишта, посебно ако е долготрајна и доста иритирачка, во зависност од тоа кога се појавил, колку трае или колку му пречи на пациентот. Затнатиот нос исто така е еден од симптомите што треба да се следи, баш како и долготрајното болно грло, велат експертите.

И промените…