Ова може да бидат скриени симптоми на ракот

И промените во празнењето на цревата се исклучително важни симптоми за неправилното функционирање на организмот. Важно е да се прави разлика помеѓу хроничниот и акутен пролив. Првиот е поопасен и трае подолго од четири недели, а посебно ако се јави пролив што не е предизвика од живи предизвикувачи (вируси, бактерии, паразити).

И хроничната опстипација е опасна затоа што е една од можните симптоми на компликации со цревата. Обрнете внимание и на пречките кај мокрењето, како што се зачестено мокрење, пецкање, чешање и крв во мокрачата. Кај туморот тие симптоми обично се долготрајни и најчесто со крв во мокрачата. Од поважните прегледи што тогаш треба да се направат се цистоскопија, а кај мажите преглед и биопсија на простатата.

Загрижувачка може да биде и постојаната болка што не е последица од повреди или воспаленија, или кај жените на предменструални и менструални симптоми.

Еден мошне важен физички симптом е и ненадејното губење на килограми што посебно треба да ве загрижи ако не сте ги промениле навиките во исхраната или не сте почнале да се занимавате со спортска активност.

Симптоми:

Израстоците на дојката…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.