Ова може да бидат скриени симптоми на ракот

Израстоците на дојката ни даваат знаци за узбуна кога чворот е фиксиран за кожата, неправилен, тврд како камен, предизвикува набирање на кожата и нејасно е ограничен или фиксиран во јамата под пазувите.

Кај туморските промени на грлото најчесто има комбинација и од други симптоми заедно со постојаната кашлица, а тоа се слабеење, температура, крвав секрет од грлото или ноќно потење. Важен симптом е и болното грло.

dojka

Ако болката е несопирлива и трае долго, тоа може да биде знак на рак на коските или на јајниците. Постојат разлики во однос на тоа дали болката е тапа, остра или се шири. Само во 40 отсто од случаите болката се смета за сериозен симптом.

Крвта во урината може да говори за тумор во уринарните канали, крвта од брадавицата на дојката може да говори за рак на дојката, а кај жените што имаат обилно и неправилно крварење за рак на грлото на матката.

И најмалата промена на младежите е важна. Треба да се набљудува промената на големината, бојата, испакнувањето на младежот и промената на краевите. За лекување на меланомот (ракот на кожата) мошне е важно болеста да биде навреме откриена.