Скрипал првиот контакт со нервниот агенс го имал дома, тврди Скотланд јард

© AP Photo/Matt Dunham

Поранешниот двоен руско-британски шпион 66-годишниот Сергеј Сркипал и неговата 33-годишна ќерка Јулија кои на 4-ти март биле затриени со нервен агенс, го имале првиот контакт со отровот во својот дом во Велика Британија, соопшти во средата вечерта британската полиција.

„Во оваа фаза од истрагата веруваме дека Скрипал биле изложени на нервни агенси на влезната од нивниот дом. Трагите од нервниот отров се пронајдени и на други места на коишто иследници работеа овие седмици, но во послаба концентрација од онаа која е пронајдена во неговиот дом“, истакна Дин Хејдон, висток координатор на противтерористичкиот оддел на лондонската полиција.

„ Експертите утврдија дека најголема концентрација на нервниот агенс имало до денес на влезната врата на посочената адреса“, се наведува во соопштението на Скотанд јард и се додава дека домот на Скрипал и натаму е главниот објект на кој ќе работата детективите кои го истражуваат случајот.

Пред две седмици британската полиција објави дека верува оти нервниот агенс бил наводно ставен во багажот на Јулија Скрипал на лет од Москва, но подоцна оваа информација не се појави повеќе во медиумите.

Британската полиција верува дека истрагата за труењето на Скрипал ќе продолжи уште долго време и, според лондонската полиција, ќе трае со седмици или месеци, а според локалните власти и со месеци.

„Полицијата на грофовијата Вилтшир продолжува со поддршката на истрагата која ја спроведува антитерористичката полициска мрежа и, веројатно, тоа ќе го прави во текот на неколку месеци“, изјавил заменикот началник на окружната полиција, Пол Милс за истрагата во којашто се ангажирани околу 250 експерти.

„Луѓето кои живеат во квартот на Скрипал и неговата ќерка миже да очекуваат полиција којашто таму ќе истражува, но сакам да повторам дека опасноста е многу мала и дека истрагата се води од претпазливост“, додава Хејдон.

Таткото и ќерката Скрипал и натаму се во болница во кома, а минатата седмица лекарите изразија сомневање дека ќе закрепне нивната ментална состојба дури и доколку целосно се стабилизиран нивната состојба.