Му го скршил черепот, затоа што му пререкол за паркинг

Вработен во подземна гража вчера среде бел ден се зфоби со повреди на черепот, затоа што на 27-годишен скопјанец му пререкол за паркинг.

Инцидентот се случил вчера во 15,00 часот во Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“ бб, пред влезот на подземната паркинг гаража во ТЦ„Мавровка“, лицето Е.Р.(27) од село Студеничани-Скопје, со патничко моторно возило „Голф“ со скопски регистерски ознаки, го паркирал возилото на тротоарот.

Тогаш, настанала меѓусебна расправија и тепачка помеѓу С.Ш.(36) од Скопје (вработен во фирмата „Франк“ која стопанисува со подземната гаража) и Е.Р., при што дошло до кршење на задното ветробранско стакло од патничкото моторно возило.

Потоа Е.Р. со метален предмет (шипка) го удрил С.Ш. во пределот на главата, кој паднал на асфалтната површина, а Е.Р. го напуштил лице местото оддалечувајќи се во непознат правец и оставајќи го возилото.

Со возило на итна медицинска помош, С.Ш. е пренесен во Градската општа болница „Св Наум Охритски“ каде му се констатирани ТТП (фрактура на черепот со крварење од увото).

Увид на лице место извршила екипа од СВР-Скопје.