Свет

Скулптури на Сноуден, Асанж и Менинг во Берлин

Скулптури на Сноуден, Асанж и Менинг во Берлин

Во Берлин се откриени скулптури на Едвард Сноуден, Џулијан Асанж и Челзи Менинг, некогашните разузнавачи кои предизвикаа бурни реакции во јавноста со протекувањето на информациите од американската служба за разузнавање, пишува РТС.

Бронзените скулптури се поставени на плоштадот Белин Александар плац, а по два месеци ќе бидат изложени и во другите европски престолнини.

Изложбата во рамки на прокетот „Имаш што да кажеш“ би требало да придонесе за слободата на говорот и за разоткривање на вистината што често е комуфлирана од страна на моќните луѓе за да се манипулира со светската политичка сцена.