Спорт

Заврш настапот на Чаирчани во квЛИФИкациите за Лига европа „Шкупи“ одигра без голови против „Глазгов Ренџерс“

„Шкупи“ одигра без голови против „Глазгов Ренџерс“

Фудбалерите на „Шкупи“ со реми се простија од Европа откако одигра 0:0 со славниот „Глазгов Ренџерс“ во реванш натпреварот од квалификациите за Лига Европа. Чаирчани не успеаја да ја надополнат негативата од 2:0 од Шкотска, па „Ренџерс“ продолжува понатаму против подобриот од двомечот меѓу хрватски „Осијек“ и „Петролул“ од Романија.

Домаќините, за кои ова беше прв настап во Европа по 14 години, не разочараа и одиграа еден борбен меч. даода се од себе, но не беше доволно да се помине подобриот противник.
„Шкупи“ имапе теренска надмоќ во првите дваесетина минуит, но потоа Шкотите вопсоставија рамнотежа и успешно се одбранија до крајот на натпреварот. И двата тима создадоа шанси, но најсериозната ја имаше Муарем Муарем во самиот финиш на средбата, кога од левата страна излезе сам пред Мекгрегор, но шкотскиот голман одлично го скроти ударот.