Слаб снег, магла и поситни одрони на патиштата

Сообраќајот на сите патишта во земјата се одвива тековно на места по влажни коловози.

Врнежи од ситен снег се бележат на Попова Шапка, Стража и Маврово, но не преставуваат  проблем за одвивање на сообраќајот.

Намалена видливост поради магла е забележана на планинскиот превој Стража, каде што видливоста е од 50 до 70 метри.

Во клисурите и усеците можни се помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – Стража,  Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП Македонијапат се на терен и редовно ги одржуваат  проодни сите патни правци.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.