Слаб снег на Попова Шапка, останатите патишта со влажни коловози

Снег со слаб интензитет кој не се задржува на коловозот има на Попова Шапка, а на останатите државни патишта сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози.

Авто мото сојузот на Македонија информмира дека во општина Крива Паланка непрооден е патот од село Дурачка река до село Дреник во должина од седум километри, а на регионалниот пат Куманово-Кратово кај излезот на село Железница има попуштеност на асфалт во должина од 10 метри поради што се поставени знаци за предупредување.