Слаб снег на Стража, Буково и Ѓавато

Слаб снег провејува на планинските превои Стража, Буково, Ѓавато, информираат од ЈП Македонијапат.

Оттаму наведуваат дека сообраќајот на сите државни патишта се одвива тековно  без забрани и застои, по влажни коловози. Магла со видливост 50-100 м има на патниот правец Велес-Скопје .

Во клисурите и усеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица –  Делчево, Виница – Берово, Гостивар – крак Маврово, Маврово-Дебар-Струга, Демир Капија – Удово и Катланово-Велес.

Дежурните екипи на ЈП МАКЕДОНИЈАПАТ  се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни. На учесниците во сообраќајот им препорачуваат внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.