Македонија

Слаб снег на Стража, Маврово, Ресен, Кичево и Пресека

Слаб снег на Стража, Маврово, Ресен, Кичево и Пресека

Сообраќајот на сите патишта се одвива тековно, по претежно влажни коловози без забрани и застои.

Повремен слаб снег, кој не се задржува на коловоз, префрла на Стража, Маврово, Ресен, Кичево и Пресека, додека на Буково паѓа снег со среден интензитет но и таму во моментов нема задржување на коловоз, соопшти „Македонија пат“.

Во клисурите и засеците можна е појава на помали одрони, особено на патните правци: Кочани – Делчево, Виница – Берово, Маврово-Дебар-Струга, Д.Капија – Удово и Катланово-Велес.