Слаб земјотрес регистриран во регионот на Косјериќ

Во српскиот регион Косјериќ ноќеска во 1:21 часот по локално време регистриран е земјотрес со интензитет од 2,5 степени според Рихтеровата скала, кој беше втор потрес, откако претходно земјотрес со интензитет од 4,6 степени го погоди овој западен српски град, јави Танјуг.

Републичкиот сеизмолошки завод соопшти дека интензитетот на вториот земјотрес во епицентарот е проценет на три до четири степени според Меркалиевата скала.

Земјотересите со оваа јачина не можат да предизвикаат оштетување на објектите во епицентралната област