Слаѓана Милошевиќ е тешко повредена

Пејачката Слаѓана Милошевиќ во петокот спрема саботата, при пад се здобила со тешки повреди на градната коска, зглобовите, рацете, а има и згмечување на внатрешните органи.

По тој повод се огласи и нејзиниот ПР-тим . Во соопштениетo наведуваат дека некогашната кралица на југословенската рок музика со братот Горан Милошевиќ по падот заминале во болница каде што лекарите, наводно одбиле да и пружат помош па заминале во приватна болница.

Не е наведено како Милошевиќ паднала и се здобила со повреди.