Шлаканица од ДИК за СДСМ: Заев, Спасовски и Манчевски лажеа за бројот на гласачи

заев

Државната изборна комисија денес го достави избирачкиот список до партиите. Според соопштението до ДИК вкупно 1.770.736 граѓани имаат право на глас на вонредните парламентарни избори, кои треба да се одржат на 11 декември оваа година.

Со ова ДИК ги демантира сите изнесени лаги од страна на челниците на СДСМ. Паднаа во вода тврдењата на Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Дамјан Манчевски и другите од врвот на Бихаќка кои што со месеци наназад лицитираат со бројки за бројот на гласачи и измислуваат број на фантоми. Но, ДИК на чие чело е партиски човек токму од СДСМ, со официјални податоци „им удри шлаканица“.

Раководството на СДСМ излегуваше со синхронизирана изјава пласирајќи информации дека во земјава нема повеќе од 1.500.000 гласачи. Погледнете ги изјавите на челниците на СДСМ:


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.