Сламката за спас Заев ја гледа во предизвикување на меѓуетнички конфликт

Заев е свесен дека секој ден се повеќе тоне, што е забележливо и од неговите настапи, но и од реакциите на партиските членови на СДСМ и отворените подржувачи на СДСМ во медиумите кои ги контролираат. Лажната еуфорија која ја создаваат не може да го покрие очигледното разочарување од дебаклот кој им се случува. Преголемите очекувања им се удрија од глава. За Заев и СДСМ работата дефинитивно е тргната надолу.

Ова се случува откако му стана совршено јасно дека неговото мрачно сценарио доживеа пропаст и дека ја изгуби битката, и согледувајќи дека нема поддршка кај македонското гласачко тело. Па, поради ова опозицискиот лидер Зоран Заев отворено, па дури и невкусно почна да им се додворува на албанските гласачи. Со манипулации и целосно лажен наратив, Заев игра на картата на меѓуетнички тензии и предизвикување конфликт, пишува порталот „Курир“.

Дека неговото сценарио нема успех и дека се’ е готово му порача вчера и владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

– Готово е господине Заев. Готово е со вашата штетна и погубна политика и стратегија. Очигледно е дека ниту вие, ниту вашата политичка партија нема што добро да и понуди на нашата држава и нашите граѓани. Тоа се гледа секој ден. Вашата политика и стратегија нанесе голема штета и пакост на Македонија. Вашата политика нанесе штета на меѓународниот углед на државата, на стопанската активност на претпријатијата, на меѓучовечките односи, на довербата помеѓу граѓаните од различни етнички и религиозни групи. Секој граѓанин на Македонија ја плаќа цената на вашата желба за власт. Таа одговорност ќе си ја носите со вас, и вие и они кои ве поддржуваат, и ќе ви тежи до крајот на вашата политичка кариера. Јасно е веќе и за најтврдокорниот поддржувач на СДСМ кој ги слуша овие креирани материјали, дека вашето сценарио за дестабилизација пропадна, дека немате никаков аргумент за наводен сторен криминал, и дека под ваше водство СДСМ се претвори во клуб на раскажувачи и оговарачи кој работи спротивно на интересите на државата. Затоа ја немате поддршката од граѓаните, што сигурно ви е јасно и од анкетите кои ги добивате во целиот овој период, порачаа од ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа стратезите на СДСМ и лично Заев се обидуваат да се фатат за последната сламка за спасот за да го покријат својот неуспех, а тоа е предизвикување на меѓуетнички тензии помеѓу Македонците и Албанците. Логиката на Бихачка е дека доколку се создаде тотален хаос и конфликт во меѓуетничките односи, ќе може да ја искористат таа ситуација за да ги затскријат своите неуспеси пред членството, но и да пробаат да искористат таква ситуација и да ја отфрлат одговорноста од себе за многубројните прекршувања на законите и корупциско криминални афери.

Од последните медиумски настапи на претседателот на СДСМ станува очигледно дека на првиот човек на опозицијата му е потребен меѓуетнички конфликт преку кој би ќарил нешто и би се извлекол од незавидната ситуација во која се наоѓа, соочен со немањето на поддршка кај Македонците кои мноогу добро ги паметат неговите поодамнешни изјави, но и неговите срамни постапки во последните неколку месеци.

Познавачите коментираат дека Заев конфликтот би го темелел на лажни обвинувања кои се поврзани со обид за креирање на меѓуетнички тензии и тоа на измислени теми и ситуации кои заев би ги зачинувал со неговиет лажни и неточни воведи и објаснувања , како што беше неговиот вчерашен испад во интервјуто за германскиот весник „Ди Цајт“, поврзан со случајот „Монструм“, каде беше пренесена изјава на Заев дека осудените во овој случај биле невини.

-Седумтемина етнички Албанци кои се осудени за случајот Смилковско езеро се невини, беше изјавата на Заев во интервју за весникот „Ди Цајт“, пренесена гласно и координирано од сите опозициски портали, весници и телевизии, за потоа самиот опозицики лидер да се огради од пишувањата и да се правда дека изјавата била “погрешно интерпретирана“.

Но и покрај ретерирањето на Заев од изјавата, за кое не знаеме дали е намерно или пак ненамерно, и не знаеме дали СДСМ пратиле демант до германскиот весник, веќе е посеана атмосферата на конфликтност со таа изјава.

Покрај манипулациите со случајот „Монструм“, како што беше примерот вчера, обидите за меѓуетнички конфликт Заев ќе ги темели и на други вакви слични случаи во кои нема ништо значајно, освен лошиот и тотално лажен наратив и вовед на Заев.

Во тие бомби нема да има ништо скандалозно, исто како што немаше во помпезно најавуваните за името, за Никола Младенов и за Мартин Нешковски, но Заев како и секогаш со неговите воведничарски обраќања пред пуштањето на креираните разговори, ќе даде лажна слика, ќе ја зачини работата, ќе даде неумерни изјави и констатации и можеби и координирано ќе работи за тензија по улиците и можно насилство. Тоа е пеколното во ова сценарио за негов спас, велат упатените.

Во функција на стимулирање на меѓуетничките тензии кои треба да водат кон ескалација, Заев кукавички посегнува по картата за разнебитување на македонската држава, поткопување на унитарноста и губење на идентитетот на единствената држава на македонскиот народ во обид за сопствениот спас.

Заев отворено им се додворува на Албанците со скандалозното интервју за косовската телевизија РТК,  каде отворено зборуваше и даваше идеи и ставови за федерализација на земјата и за откажување од идентитетските позиции на Македонците во разговорите со Грција.

Тој во интервјуто говореше и за некакво продлабочување на охридскиот договор, а имајќи во предвид дека Охридскиот договор е исполнет во целост, експертите сметаат дека се подрзабира дека ова е всушност понуда за федерализација, затоа што повеќе од Охридскиот договор е само федерализација. Дополнително, во дел од неговите заложби како додворување кон албанските гласачи, Заев ветува Македонците да учат албански јазик од градинка.

Тој и удри и нож во грб на Република Македонија во разговорите со Грција, отворено заземајќи грчка позиција истакнувајќи дека иодентитетските прашања не се битни, не е битно што ќе пишува во ОН за идентитетот на нацијата и јазикот.

Јавноста беше згрозена од неговата постапка ден по настаните во Куманово,  во Дивата населба додека Македонија жалеше за изгубените животи на полицајците, тој насмеан се фотографираше селфи со Албанците и покажуваше два прста, симболизирајќи го знакот на УЧК.

Експертите сметаат дека ваквото одење на Заев спротивно на интересите на Македонија и Македонците, освен тоа што го покажува политичкиот очај и бесперспективност на опозицијата, неминовно ќе придонесе за губење на политички поени на СДСМ во гласачкото тело, дури и помеѓу самите социјалдемократи. Тие додаваат дека граѓаните не треба и нема да дозволат меѓуетнички тензии кои се проектирани со единствена цел да го покријат дебаклот на мрачното сценарио на Заев и СДСМ.

ФОТО: Утрински Весник

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.