Слаткиот вкус на власта, или Никола Димитров – човек со сите политички бои

Во галеријата ликови, кои Зоран Заев ги понуди за министри, еден особено се издвојува – Никола Димитров, како „независен“ предлог на социјалдемократите за шеф на дипломатијата. Личност којашто од функционер во времето на „првото“ ВМРО-ДПМНЕ, потоа станува преговарач во спорот за името од тогашниот претседател Бранко Црвенковски и советник за национална безбедност на Никола Груевски, до министер за надворешни работи во владата на Зоран Заев.

Во прв ред, мора да се апострофира зошто само неколку часа по објавувањето на листата на Заев и кандидатите на СДСМ или, сепак, лично негови, за министерските позиции, многу од „не-режимските“, нели, медиуми поитаа да ја објават биографијата со акцентирање на тоа дека Никола Димитров за „сите недоумици за новата функција можеби беа решени со објавената фотографија на Фејсбук профилот на Димитров со Хојт Ји“.

Демек, човекот, ете, е избор на Американците. А, вистинската причина е да се направи обид за амортизирање на незадоволството, и тоа големо, кај поголемиот дел од партиското членство и првирзаниците на социјалдемократите од изборот за предлогот на Никола Димитров. Во прв ред предизвикано од неговиот навистина шаренолик животопис од политички и идеолошки аспект, и второ, а што очигледно за СДСМ не претставува никаков проблем – и од неговата компетенција за извршување на функцијата којашто би требало да му биде доверена во чувствителниот период. Дури загрижените сдсм-овци во обидите да го попречат неговото предложување беа најбрутално лажени дека Димитров е предлог на ДУИ. Но, тоа веќе ќе е проблем на Заев и на неговите партиски содружници кои споменатата персона, најблаго кажано, ја доживуваат како „Тројански коњ“.

ND2A

А, Димитров помладиот, успешно ја одржува кариерата две децении и тоа постојано на високи државни функции, од позциите советник, преку амбасадор до преговарач за името, без разлика која политичка опција е на власт. Но, што корисно тој сработил за Македонија во својата кариера? Што оставило белег како голем позитив како во земјава, така и во нејзината надворешна политика?

Никола Димитров е син на Димитар Димитров кој беше министер за образование во првата експертска влада и Ратка Димитрова, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ во првиот состав на Собранието. Тој кариерата во политиката, за чудо, ја почна во Министерството за надворешни работи во 1996 година, во времето на најцврстото владеење на СДСМ, како меѓународен адвокат за човекови права, и тоа како што тогаш пишуваа медиумите, најмногу благодарејќи на заемната одушевеност со тогашниот министер Љубомир Фрчкоски и стипендијата од странска фондација за магистрирање меѓународно право на Универзитетот во Кембриџ.

Во 1998 година со победата на ВМРО-ДПМНЕ и Љубчо Георгиевски, неговиот татко Димитар Димитров станува министер за култура, а Никола Димитров две години подоцна беше унапреден во заменик министер за надворешни работи. Потоа, станува и советник за национална безбедност во кабинетот на претседателот Борис Трајковски, кабинет во кој благодарејќи на покојната Доста Димовска, се вгнездуваат и проверените и неодделни од ликот и делото на помладиот Димитров и Фрчкоски и новинарот Борјан Јовановски. Во 2001 година, по истекувањето доверливи информации во текот на конфликтот во тогаш опозициските медиуми…

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.