Славеле Нова година, па го нападнале келнерот што ги служел

Синоќа во 3.40 часот по полноќ, четвори лица нападнале келнер во угостителски објект „Ксмет“, на улица 50-та Дивизија бб.

Според полициски информации лицето Н.Ц.(21) од Крива Паланка, кој бил со уште три непознати лица физички го нападнале келнерот и искршиле две изложни стакла од објектот.

Н.Ц. е приведен во полициска станица Центар и се преземаат мерки за расчистување на настанот.