Македонија

Славење на пролетта во Гази Баба

Славење на пролетта во Гази Баба

Месец март го симболизира доаѓањето на пролетта, на доаѓањето на пролетната енергија. За оваа пригода, традиционално се плетат мартинки исклучиво од црвен и бел конец, со кои се слави возобновената природа.

Мартинките се носат од првиот ден во март до доѓањето на пролетта и ластовичките за здравје и среќа, се додека расцвета првото дрво.

Во класичниот изглед мартинката претставува усукани бел и црвен конец, најчестo волнен каде боите имаат строго определен смисла: црвено – крв, живот; бело – чистота, среќа.

За да се зачува традицијата на нашите предци третта година по ред, општина Гази Баба и основните училишта организираа манифестација „Мартинки„ каде учениците, во своите креативни работилници изработуваа мартинки, преку кои ги изразуваат своите креативни идеи и способности.

По истиот повод, децата од клонот „Темјанушка“ кој е во состав на градинката „Детска радост” изработија мартинки кои ги поделија на своите најблиски, на вработените во општината и беа примени во кабинетот на градоначалникот Тони Трајковски, кој исто така доби мартинка.