Славески за Алфа: Далеку сме од раст од 5 проценти на економијата во наредните години

Ова зголемување на даночната стапка на данокот на доход ќе ги погоди токму странските инвеститори и секако дека ќе влијае на зголемување на трошоците на странските компании, затоа што тие не можат да ги остават да се намалат доходите со зголемената стапка на зголемување на овие професионалци затоа што со тоа тие или ќе ги изгубат своите вработени или ќе треба да им ги зголемат платите за да можат да го надохнадат она што државата ќе го зема како данок, вели поранешниот министер за финансии Трајко Славески во гостувањето на ТВ Алфа.

-Имавме еден период на нетипично однесување на Министерството за финансии каде што им беа врзани рацете во смисла на трошењето на средства и реализацијата на веќе почнатите работи, затоа што постоеја некои законски пречки во периодот пред формирање на владата, најверојатно имаа застој во реализацијата на веќе започнатите бројни проекти и тоа не значи дека тие треба да се прекинат затоа што би предизвикала голема штета, туку да се продолжи со една динамика за да на крајот од годината ги откочи сите оние проекти кои што на некој начин биле закочени, истакна Славески.

Тој потенцираше дека далеку сме од она што го има проектирано новата влада и од потенцијалот на македонската економија која што изнесува некаде 4 проценти и добро би било доколку ние завршиме и со раст од 2 проценти и треба многу да се направи за да се постигне онаа стапка од 5 проценти која ја лицитираше новата влада.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.