Славјанск: Жртви и ранети во судирите

Во текот на операцијата на украинските специјални сили во Славјанск повеќе лица загинаа, а има и ранети, соопштило украинското Министерство за внатрешни работи, наведувајќи дека жртви има и од двете страни.

Министерот Арсен Аваков, навел дека загинал еден, а ранети се неколку припадници на украинските сили и дека се’ уште не може да се прецизира бројoт на загинати и ранети на страната на демонстрантите.

„Сепаратистите почнаа да се бранат користејќи човечки штит“, напишал Аваков, на својот „Фејсбук“ профил.

Украинските сили за безбедност започнаа акција против проруските групи кои во Славјанск, ја зазеле зградата на полицијата и Државната безбедност, а министерот Аваков предупредил дека жителите на тој град да не излегуваат на улиците подари ризикот од избивање нови судири.