Славната актерка претепана од својот партнер

Актерката Мелиса Џорџ беше примена во болница, откако нејзиниот партнер Жан Давид Бланк физички ја нападнал. “Paris Match” пишува дека 40 годишната ѕвезда од сериите “Friends” и “Grey’s Anatomy” е примена во болница во Париз, каде останала 24 часа.

Таа ја повикала полицијата од дома и го пријавила нападот, а наводно имала повреди на лицето и осетила вртоглавица, мачнини и болки по целото тело.

melisa1

Засега не се познати повеќе детали од нападот. Француските медиуми пишуваат дека Жан Давид Бланк, основач на популарната страна “AlloCiné”, одби да коментира на пишувањето на медиумите. Не се јавуваше ни на повиците на списанието “People”, кое исто така напиша за инцидентот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.