четврток, 1 декември 2016  |  Вести денес: 30

Славната Барби доби облини

abi

Последни вести

Американската компанија Мател вчера претстави три нови верзии на нејзиниот најпознат бренд, куклата Барби која веќе со децении е критикувана заради нереалните телесни пропорции, пренесува Фена.

На американскиот пазар наскоро ќе се појават три нови типа Барби. Ќе биде тоа висока Барби, ниска и Барби со облини која најмногу се издвојува од оригиналот поради што се појави на насловната страница на Тајм.

Злобниците тврдат дека промените се последица на лошото работење на Мател во последните неколку години. Имено, продажбата на познатиот бренд во периодот од 2012 до 2014 година систематски паѓа, а во првите девет месеци минатата година падна за 15 отсто.

Желбата за подобрување на профитот или социјалната свест на Мател, после повеќе од 50 години, резултираше со повеќе реален изглед на куклата, досега претерано витка русокоса со неприродни телесни пропорции на телото.

Најавата за промените е голема вест за сите кои некогаш го истражувале психичкото влијание на играчките врз децата, а социјалните мрежи се преплавени со позитивните коментари на корисниците.

– Многумина ќе речат дека доцниме, но на голема компанија како нашата и треба многу време за промени. Нудејќи на девојчињата и нивните родители поширок поглед на концептот убавина покажуваме дека сме одговорни, изјави за Тајмс менаџерката на брендот на Барби во Мател, Евелин Мацоко.

Историската линија на куклата Барби во 1959 година ја креираше Американката Рут Хендлер, која ја основаше компанијата Мател со сопругот Елиот.

Најчитани вести