Славниот производител на гитари поднесе барање за стечај

Светски познатиот произведувач на гитари „Gibson“ во вторникот поднесе барање за стечај со план за реорганизација на деловниот модел под новите сопственици, неговите кредитори.

Фабриката за гитари од американски Нешвил е позната по своите легендарни модели „Gibson Les Paul“ и „Gibson GS“. Компанијата има долг од 500 милиони долари, а за тоа ја обвинува аквизицијата на произведувач на електронска опрема од другата страна на океанот чијашто продажба е во голем пад.

Компанијата „Gibson“ во барањето до американскиот суд во сојузната држава Делавар истакнува дека ќе се откаже од своето прекуокеанско работење и повторно ќе се сосредоточи само на изработка на гитари и аудио опрема. Барањето се однесува на ткн Чаптер 11 од Законот за банкрот кој им овозможува на компаниите да се реорганизираат и со време да ги вратат долговите на своите доверители.

„Овој процес ќе биде невидлив за потрошувачите кои натаму може да имаат доверба дела ќе произведуваме извонредни производи и ќе даваме поддршка за корисниците“, соопшти извршниот директор Хенрик Јушкиевиц кој производствените погони ги презема во 1986 година.

Ви плановите за реконструирање се наведува дека кредиторите во замена за долговите ќе добијат удели во компанијата. Од „Gibson“ тврдат дека продажбата на нивните електрични гитари од јануари минатата година до почетокот на годинава се зголемила за 10,5 отсто, на 122 милиони долари.

Годишно се произведуваат 170.000 гитари ко се пласираат во повеќе од 80 држави, а на нив свиреле славни музичари како Би Би Кинг, Слеш, Боб Дилан, Ерик Клептон, Џорџ Харисон… и на аукциите достигнуваат вртоглави цени.

На пример, гитарата којашто на американската поп икона Елвис Присли му ја подарил неговиот татко во 1969 година во мај 2016 година беше продадена за 334.000 долари на надавање во Њујорк. Гитарата од моделот „Gibson Dove“ ја купил Вернон Присли, таткото на пејачот, а ја одбрал црната боја за да му честита на синот на тоа што освоил црн појас во карате. Елвис Присли потоа оваа гитара му ја подарил на посетител на негов концерт во Северна Каролина во 1975 година, кој овој скапоцен музички инструмент го чувал до моментот кога го продаде.