Славните годинава ќе ја прескокнат модната недела во Париз

Годинава по се изгледа ќе има повеќе слободни места во првиот ред на модната недела во Париз која треба да започне на 25-ти јануари.

Како што наведуваат медиумите поради неодамнешните настани во Париз се поголем број познати личности го откажуваат присуството на најпознатата модна недела во светот.

Организаторите наведуваат дека годинава им е многу потешко да ги пополнат празние места за презентација на новите колекции на славните модни куќи како што Шанел, Версаче, Диор, Валентино и други.

-Ќе биде тешко да се обезбеди големиот број настани, а сега кога тензиите се високи најдобро е да го прескокнам настанот годинава, изјавила една уредничка на модно списание, а е се зборува дека годинава присуството ќе го откаже и познатата Ана Винтур.

Исто така и клиентите кои вложуваат во оваа манифестација се доста несигурни, а модните куќи ќе обезбедат телевизиски преноси на ревиите, така што гостите ќе можат да ги гледаат и од дома.

ФОТО: legattolifestyle.com