Следејќи ги парите во Македонија

Што бара првиот човек на Фондацијата „Институт отворено оопштество“, Џорџ Сорос, во една мала, континентална земја Македонија?

Како што излегува, многу.

Деди Варбакс, (стрип лик херој во САД, н.з.) со неговите прогресивни цели, работи прекувремено на ослабнување на европските граници и олеснување на протокот на бегалци од Средниот Исток, континуирано испраќајќи пари за оневозможување на одржување на избори во земјата, и тоа на двапати, а чија главна цел на изборите беше спречување на нелегалната миграција со остри мерки.

Но, тој тоа не го прави сам. Американскиот Стејт Департмент работеше рамо до рамо со него.

Помошта, која САД ја праќа во Македонија, поради пријателството меѓу државите, беше канализирана преку американската Агенција за меѓународен развој (УСАИД). Додека целта на САД во Македонија вклучува бенигни изјави за инвестирање во демократијата, Стејт Департментот почна со фаворизирање на партнерство со Соросовите многубројни организации во 2012 година. Овие организации се се’ освен демократски. Всушност тие форсираат прогресивни, насилни и радикални идеали низ Европа. Сорос поседува или контролира, повеќе од 60 невладини организации во Македонија – истите оние кои добиваат грантови од УСАИД програмите!

Меѓу другото, Сорос префрла пари на УСАИД во Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија (СДСМ), која е поранешна Комунистичка партија на Македонија.

Да, американските пари одат за финансирање и поддршка на комунистите во Македонија.

Македонскиот премиер, Никола Груевски, кој победи на последните избори во земјата, имаше остри зборови за Сорос:

„Неговите (Сорос) фондации, финансии и човечки ресурси, се најмоќни фондации во светот, кои имаат политички цели…Цели институции, министерства, најверојатно и влади и нивните разузнувачки служби се инфицирани со неговите гледишта, неговата идеологија и неговите цели“.

Луѓето во Македонија се многу уморни од 25-годишната историја на мешање на Сорос во нивната земја, и се поврзаа во новооформената „Стоп за операцијата на Сорос“ (СОС).

На неодамнешна прес-конференција, еден од основачите на СОС, Никола Србов, потенцираше:

„Фондацијата Отворено општество оперира под чадорот на Сорос, ги користи фондовите и персоналот да поддржува насилни процеси во Македонија. Го монополизираше секторот на граѓанското општество, тргајќи ги настрана сите организации што не се согласуваат со Соросовата идеологија“.

Србов особено ја прозва програмата на УСАИД, велејќи дека СДСМ се поддржува преку УСАИД, и САД со тоа врши директно политичко мешање во Македонија. На крајот на прес-конференцијата дополни дека сега, во времето на Трамп, Американците треба да ја дознаат вистината.

Истиот човек, кој ја помагаше терористичката група „Муслиманско Братство“ во Египет, поттикна насилства за време на протестите во Фергусон, САД, и канализираше милиони во изборните кампањи на Барак Обама и Хилари Клинтон, сега се обидува да ја скрши демократијата во малата земја Македонија со долари на Стејт Департментот.

Но, можеби во тек е ослободување на Стејт Департментот од Сорос.

Моментно Стејт Департментот е опфатен од масовно повлекување на највисоките раководни лица. Највпечатлива беше оставката на Патрик Кенеди, потсекретар за управување. Додека тој беше дипломат од кариера, всушност беше се’ освен чист. За време на истрагата, иницирана од Конгресот за лошата Бенгази мисија, истражителите го обвинија за непружање на адекватна безбедност.

Кенеди, исто така, беше и во центарот на вниманието за време на истрагата за серверите на електронската пошта на Хилари Клинтон, кога сведок на Федералното биро за истраги (ФБИ) рече дека Кенеди му понудил „quid pro quo“ („услуга за услуга“, н.з.) на агент на ФБИ во обид да прикрие докази кои може да и’ наштетат на Хилари Клинтон и на нејзиното тврдење дека таа нема доверливи информации на нејзиниот сервер.

Портпаролот на Департментот, Марк Тонер, (порнешен портпарол на Белата куќа, од времето на Барак Обама) посочи дека пресвртот е норма, кога Белата куќа менува раце од една партија во друга, и дека некои од оставките биле очекувани. Но, со оглед на следење на чекорот на Трамп за отповикување на амбасадори и пратеници од странство, тогаш излегува дека амдинистрацијата на Трамп увидела дека потребна една чистка дома.

Тоа, исто така, ќе бара раководство кое не се плаши да преземе чекори против вгнездените либерални посебни интереси во Стејт департментот.

Авторот Тони Перкинс е претседател на „Family Research Council“ (FRC), кој се занимава со конзервативна политика и лобирање, со седиште во Вашингтон, САД.

Текстот е објавен на интернет страницата на „Family Research Council“ (FRC)

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.