Свет

Следна цел на терористите од ИД е Ватикан

Следна цел на терористите од ИД е Ватикан

По новите закани од страна на ИД и превземањето на одговорноста за нападот во Париз каде беа убиени вкупно 17 лица, Националната разузнавачка агенција на САД (НСА) добила нови податоци за тоа каде би можел да биде следниот напад на ИД.

Според информациите што синоќа ги објави израелската државна телевизија НСА испратила известување до Ватикан дека „папската држава“ најверојатно е следна на листата. Слични вакви информации објави и германскиот неделник Билд ам Зонтаг, кој објави дека НСА ги прислушувала разговорите на водечките лидери на ИД во кои било напоменато дека Париз е само почетокот на теророт во Европа.

Билд објави дека целта на ИД е да инфилтрира групи од по четири командоси помеѓу бегалците што пристигнуваат во ЕУ, а секоја група има за цел по некоја од светските метрополи.

фото: zeit.de