Следната дестинација на Александар Дамчевски е во Лацио?!

По Горан Пандев, кој пред да влезе во конфликт со претседателот Лотито, успешно ги бранеше боите на Лацио, уште еден македонски репрезентативец би можел да добие шанса да заигра за тимот од Рим.

Според италијанскиот медиум LazioNews24, кој и тоа како ги познава приликите и плановите на клубот, раководството на “лацијалите” е во потрага по дефанзивец, а трката се сведува на Уругваецот Диего Полента и нашиот Александар Дамчевски.

damcevski

Младиот одбранбен фудбалер, кој во моментов е стандарден првотимец на холандскиот тим НАЦ Бреда, би бил одлично засилување со оглед на тоа дека има само 22 години, акумулирано интернационално искуство и француски пасош, поради кој ќе може да настапува како играч од Европска Унија.

Иако одреден дел од сезонава паузираше поради повреда на коленото, Дамчевски веќе запиша 13 настапи за својот тим, што беше доволно да го сврти вниманието на скаутите на Лацио, кои дале зелено светло за негов трансфер.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.