Следната година К-15 и за вработените во Општина Центар

Вработените во Општина Центар во јануари следната година ќе добијат регрес од околу 15.000 денари. Ова се должи на Колективениот договор кој денеска го потпишаа УПОЗ и Општина Центар кој предвидува повеќе права за вработените кои досега ги немаа.

Договорот, според претседателката на синдикалната организација при Општина Центар Катерина Цаневска Арсовска, предвидува и зголемени права во делот на платеното остуство, дневници, надоместоци, теренски додаток, надоместок за користење сопствено возило, правото за слободни деновои за оние кои имаат прваче, за отсуство при селидба, свадба…

Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ на потипшувањето на договорот на вработените во Центар им порача дека со овој Колективен договор двете страни ќе треба да преземат свои обврски.

– Сакам да се потрудам условите во  Општина Центар да бидат најдобри, но очекувам и сите вработени максимално да се посветат во извршување на работите, рече Богдановиќ.

Претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) Пецо Грујовски информираше дека Центар е трета општина која го потпишува Колективниот договор, покрај Гостивар и Струга и дека очекува и другите општини, како и јавниот сектор да го следат овој пример.