Следната година ќе се градат пет нови експресни патишта

Следната 2016-та година, ќе бидат изградени пет нови експресни патишта и ќе се реконструираат шест регионални патни правци.

Ова го најави министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски во својот отчет. Тој посочи дека за следната година планирана е набавка на нови патнички возови, а за македонските граѓани достапни ќе бидат и четири нови дестинации.

Оваа година ќе биде запаметена по најголем број инвестиции во транспортот

Тој подвлече дека 2015 година беше најуспешна година на Министерството за транспорт и врски, која ќе биде запаметена по најголем број на инвестиции во транспортот во историјата на независна Македонија. Отчетот за 2015-та година што министерот го презентираше денес содржи над 200 проекти и уште многу потпроекти и услуги што ги реализира Министертвото за транспорт и врски.

Сакам да нагласам дека онаму каде што мојот претходен колега Миле Јанакиески посветено работеше на проектите, јас со целиот овој тим и вработените од Министерството продолживме во реализација на ветените проекти од Програмата. Водејќи се од барањата и потребите за подобрување на животниот стандард, заеднички вложивме огромен труд во реализација на се она што сме го ветиле пред нив. Работевме макотрпно решавајќи ги најзначајните работи, работевме посветено на исполнување на обврските, но и на многу други проекти што не сме ги ветиле но во текот на годината се јавиле како реална потреба на граѓаните, подвлече Мисајловски.

Активно се работеше на околу 400 километри патна мрежа

Тој потенцира дека годинава во делот на патната инфраструктура активно се работеше на околу 400 километри патна мрежа.

500avtopat-skopje-veles5

Како никогаш досега истовремено се работеше на изградба на три нови автопати а воедно се реконструираа и уште две автопатски делници во вкупна должина од 165 километри или инвестиција од околу 800 милиони евра. Со засилено темпо работевме на изградбата на автопатот од Демир Капија до Смоквица, во должина од 28 километри и инвестиција од 210 милиони евра. Очекуваме овој автопат да го завршиме крајот на следната година.  Вториот автопат од Кичево до Охрид претставува најголема инвестиција до сега, изградбата чини 374 милиони евра. До крајот на оваа година завршени се 14 %од градежните работи. Интензивно продолживме со изградба и на автопатот од Скопје до Штип во должина од 47 километри и инвестиција од 206 милиони евра. 2015 година ја завршуваме  со вкупно завршени 34 % од градежните работи, рече Мисајловски.

Посочи дека…