Следната година ќе се градат пет нови експресни патишта

Посочи дека во соработка со Делегацијата на Европската Унија, годинава завршена е реконструкцијата на автопатската делница од Велес до Катланово со должина од 23 километри. Инвестиција од 6,6, милиони евра.

За една година се очекува да бидат завршени и активностите за реконструкција на делницата од Смоквица до Гевгелија во должина од 10 километри, што почнаа да се реализираат пред неколку денови.

Во делот на автопатската мрежа, ја работиме проектната документација за изградба на делниците од Требениште до Струга, од Гостивар до Кичево и до Скопје до Блаце. Исто така во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта, во 2015 година започнавме со изградба и реконструкција на 13 регионални и магистрални патишта со вкупна должина од околу 167 километри и инвестиција од околу 50 милиони евра. Го завршивме регионалниот пат од Маврово до Маврови Анови а во завршна фаза е патот од Клепач до Новаци. Продолживме со изградба на регионалниот пат од Скопје до Сончев град, на експресниот пат од Велес до Кадрифаково и од Опае до Станчиќ, истакна министерот.

Во 2015 година започна реконструкција на следниве регионални патишта: Битола Ресен Буково, Ново Село до Маврово, од Мокрино до Смолари , од Нов Дојран до Николиќ, Тетово- Брвеница – Гостивар, од Бошков мост до Дебар, од Делчево до Голак, Мелнички мост до Центра Жупа и Кривогаштани до Воѓани.

Следната година изградба на пет нови експресни патишта

За следната година министерот најави изградба на пет нови експресни патишта, како и реконструкција на шест регионални патишта.

Следната година ќе продолжиме со уште позасилено темпо бидејќи ќе започнеме изградба на 5 експресни патишта а воедно ќе започнеме со рехабилитација на уште 6 регионални патишта, што значи дека следната година активно ќе се работи на вкупно 24 регионални патишта и 7 автопати со вкупна должина од  околу 600 километри. Ова почитувани, во истријата на Република Македонија се нема случено истовремено да се работи на толку километри патна мрежа, објави Мисајловски.

Во делот на локалната мрежа во 2015 година завршена е со изградба и реконструкција на 48 локални патишта со вкупна должина од околу 60 километри.

Инвестиравме околу 6 милиони евра во поставување на над 1.000 нови знаци и осветлување на клучките и раскрсниците. Обезбедивме дополнителни 1,3 милиони евра за реконструкција на лежиштатана 13-те мостови на Коридор 10 што ги рехабилитираме во соработка со НАТО, инвестиција од 10 милиони евра, очекуваме за завршиме втор квартал во 2016 година.Започнавме со реконструкција на патарината во Романовце, прва од петте предвидени со проектот за модернизација на наплатните станици на Коридор 10, инвестиција од колу 18 милиони евра. Продолживме со транспаратна распределба на ЦЕМТ дозволите и автобуските линии, обезбедивме дополнително 1750 транспортни дозволи, објасни тој.

Инвестиции во железничкиот транспорт

Во својот отчет…