Следната година ќе се градат пет нови експресни патишта

Во својот отчет, Мисајловски нагласи дека 2015 година ќе се запамети како историска и по пристигнувањето на првиот од шестте нови патнички возови, инвестиција од 25 милиони евра. Останатите пет возови ќе пристигнат првата половина на 2016 година.

VOZ

Правиме анализи следната година да набавиме дополнително нови  патнички возови со што целосно ќе го обновиме возниот парк на железница. Исто така изминатата година набавивме и нови 150 товарни вагони, а во континуитет продолжи мерката за бесплатно патување за студенти, млади до 27 години и пензионери. Продолживме со изградбата на пругата кон Бугарија. Активно се работи на делницата од Куманово до Бељаковце а се проектира втората фаза од Бељаковце до Крива Паланка. Работиме на изготвување и на проект за новата пруга од Кичево до Албанија, додаде Мисјаловски.

Изминатата година започна изградба на пругата од Битола до Грција, а водено продолжи и рехабилитацијата на пругата на Коридор 10.

Во соработка со ЕУ ја завршивме реконструкцијата на железничката станица во Скопје, а активно работевме на целосна реконструкција на уште пет железнички станици на Коридор 10. Овие пет и уште други пет станици ќе продолжиме да ги реконструираме и следната година. Вкупна инвестиција од 5 милиони евра.Преку Управата за железнички систем беа издавани одобрениија, дозволи и сертификати за учесниците во елезничкиот систем, додаде Мисајловски.

Нови дестинации од аеродромите

Во 2015 година се воспоставија пет нови дестинации од скопскиот аеродром и две нови од охридскиот аеродром.

Ја постигнавме посакуваната рекордна бројка од 1,5 милиони патници што поминаа низ двата аеродроми. Очекуваме следната година таа бројка да биде уште поголема бидејќи од напролет најавени се линии кон нови 4 европски дестинации, објави Мисајловски.

Згради за социјално ранливите категории

Во соработка со АД за станбен простор беа изградени три згради за социјалано ранливите категории на граѓани во Прилеп, Ресен и Демир Хисар со вкупно 119 станови. За истите веќе се рапишани постапки и се очекува во првиот квартал од 2016 година да бидат доделени становите.  Исто така Акционерското друштво започна со изградба на уште една социјална зграда во Македонски брод

Со АД за деловен простор отпочнавме со процес на отуѓување на деловните простории со кои стопанисува Друштвото а се во сопственост на Република Македонија. До сега отуѓивме околу стотина деловни простории.Во соработка со Европската инвестициона банка и Министерството за финансии завршивме 8 проекти а отпочнавме 21 проект за водоводни и канализациони системии тоа во општините Неготино, Дојран, Кочани, Ново Село, Дебар, Велес, Виница, Шуто Оризари, Кичево Прилеп, Охрид, Ресен, Ресен, Делчево Струга, Радовиш, Струмица и уште многу други градови низ Македонија, додаде Мисајловски.

Инвестиции и во голем број други сектори

Продолжува изградбата на канализациониот систем за Сончев град и дополнително се работи на уште десетина проекти во комуналната инфраструктура.

Она што сакам да потенцирам е дека ги продолживме роковите за легализација на дивоизградените објекти. Со законски измени овозможивме да се доставуваат нови барања дo 31 март 2016 година а геодетските елаборати да се доставуваат до крајот на 2017 година. Исто така овозможивме и легализација на приватно земјиште. Агенцијата за катастар и понатаму ќе продолжи да изготвува геодетски елаборати за социјално ранливите категории на граѓани. Посебно сакам да го нагласам проектот за типски куќи со кои субвенционираме од 900 до 2000 евра за готови проекти за изградба на шест типа на куќи со големина од 60, 80, 100, 120, 150 и 180 метри квадратни. Овие проекти можат бесплатно да се подигнат од Министерството за транспорт и врски или од веб страната на Министерството и да се употребат во владниот проект Купи куќа за млади што се реализира преку Министертвото за финансии со кој државата субвенционира изградба на куќи за млади до 35 години, додаде Мијсаловски.

Во туристичките места  започна изградба на плажи и пешачки патеки за да се подигне квалитетот на туризмот.

Ја уредивме плажата во Стење а во завршна фаза е плажата во Сливница на Преспанското езеро, започнуваме со постапка за уредување на плажата Лагадин и Љубаниште на Охридското езеро. Изградивме пешачки патеки околу Мавровското и Беровското езеро, а во тек e изградба на патеки во Дојран и општина Дебарца. Ова преставува вкупна инвестиција од околу 215 милиони денари.Започнавме постапки за изградба на пешачка патека од центарот на Охрид до црквата Свети Јован Канео.  Сакам да најавам дека денoвиве ќе распишуваме тендер за изградба на втората фаза од жичницата од Средно Водно до Козле, објасни министерот.

Во делот на градежништвото поднесени се 259 барања за отуѓување на државно земјиште. Донесен е нов закон за градежно земјиште со важност од 1. 8. 2016 година.

Работиме на урбанизација на туристички развојни зони, воведовме систем е-урбанизам преку кој сите урбанистички планови ќе се изготвуваат по електорнски пат. Пред два дена објавивме повик за изработка на идејно решение за изградба на марина во Охрид и реконструкција на градското пристаниште. Ќе санираме уште неколку пристаништа на Охридскотот езеро. За прв пат поставени се пловни знаци низ Охридското езеро. Поставивме  вкупно 175 знаци со кои ќе го регулираме  авоедно и ќе ја зголемиме безбедноста на езерскиот сообраќај, додаде Мисјаловски.

Исто така продолжи изградбата на секундарната гасоводна мрежа на делницата од Клечовце до Штип, а континуирано се работи и на измени и усогласување на законската регулатива.

Во името на целиот овој тим  сакам да најавам дека продолжуваме со исто темпо, со заеднички сили да обезбедиме подобри услови за сите граѓани на Република Македонија, заклучи Мисајловски.