Следната година нови 250 вработувања за професионални војници

За професионалните војници кои поради возраста го изгубиле својот статус се спроведуваат два проекти за нивно вработување. Се работи за 59 лица кои се повикани да склучат договот, 52 од нив веќе потпишле, двајца не пројавиле желба и 5 лица се во тек на потпишување на договорот.

Ова на денешната Отворена владина седница го истакна министерот за одбрана Зоран Јолевски. Тој најави нови вработувања на 250 професионални војници, кои треба да се спроведат до крајот на март или почетокот на април следната година.

– За нови професионални војници структурирани се две  групи со по 125 војници кои ќе бидат вработени идната година. Изработен е правилник за селекција, процесот ќе трае околу 3 месеци и планираме првата група од 125 до крајот на март почеток на април да биде завршена, рече Јолевски.

Во однос на проектот „АРМ мој вистински дом“ околу  527 лица пројавиле интерес да го решат станбеното пшрашање на овој начин. Идејните решенија за изгледот на становите веќе им се презентирани на војниците и нивните семејства.

-Има промена квалитетот на зградите да бидат со висок квалитет и најсовремени решенија со подезмни паркинизи и зелени површини. Исто така втората работна група ќе се занимава со правните елемнти, а третата е задолжена за финансиите односно  како ќе биде финансирањето од страна на баките, појасни Јолевски.