Следната година нови чартер летови до Шпанија и Норвешка

Министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески денеска оствари средба со милионитиот патник кој во вторникот слета на скопскиот аеродром „Александар Велики“.

Во просториите на Министерството Јанакиески на милионитата патничката Јана Ивановска и подари симболичен подарок, а таа доби и како награда доби целосно платено викенд-патување за двајца во Истанбул.

– Ова е првиот милионити патник откако функционираат аеродромите во Македонија, очекуваме ако временските услови бидат добри,  до крајот на годината бројот на скопскиот аеродром да се искачи на 1.200.000, истакна Јанакиески.

Годинава, како што нагласи тој на „Александар Велики“ е забележан раст на патници за над 20 отсто, со што овој аеродром е шампион по раст на патници во регионот.

patnicka500

Следната година ќе бидат воведени 4 нови линии ос Скопје кон Шпанија и Норвешка, како и една од Охрид кон некоја од европските метрополи.

Овие нови линии треба да бидат во воведни најдоцна до септември идната година.

– Паралелно ќе работиме во текот на 2015 година и на анимирање на компании за воспоставување на национален авио-превозник. Проектот е во фаза на одобрување од страна на Советот за јавни набавки, откако советот ќе ни даде позитивно мислење, уште наредниот ден повикот ќе биде објавен, рече Јанакиески.

Тој додаде дека на повикот ќе може да се пријави секоја авиокомпанија, а условот е да воведе четири нови дестинации од скопскиот и една од охридскиот аеродром.

За таа цел ќе бидат издвоени пет милиони евра во следните три години.