Следната недела Харадинај ќе и’ биде испорачан на Србија

На почетокот на следната недела на правосудските органи во Франција треба да им пристигне барањето од Србија за екстрадиција на Рамуш Харадинај, објавува Радио-телевизија Србија.

Претседателот на Србија, Томислав Николиќ вчера изјави дека Србија нема да се откаже од барањето за предавање.

Алијансата за иднина на Косово вчера во Приштина одржа протест од којшто порача „Харадинај е Косово“.
Харадинај е уапсен во средата по потерница од Србија за апсење од 2006 година поради сомневање дека во текот на 1998 и 1999 година за време кога беше еден од командантите на ОВК сторил воени злосторства.

Нему му беше судено и во Хашкиот трибунал за воени злосторства, но во 2012 година беше ослободен од сите обвинувања. Надлежниот суд во Франција во четвртокот одлучи Харадинај да биде задржан во притвор додека Србија не достави барање за екстрадиција. Командантот на ОВК во 2015 година беше уапсен и на аеродромот во Љубљана, но неколку денови е ослободен.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.