Следната недела изненадување од Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски

Кога се работи за изненадување и нешто несекојдневно, Сара Мејс и Дамјан Пејчиноски секогаш се инвентивни со нови и оригинални идеи. Соработката, која започна со „Немам пари“ и видео записот кој ја размрда македонската естрада, продолжува, но овој пат со нешто сосема поинакво.

Од организаторите се најавува нова песна и видео запис на Сара Мејс, насловена како „Лажев јас“, во кој повторно креативно ќе се појави младиот музички виртуоз Дамјан Пејчиноски.

1 (1) (003)

Водени од одлично синхронизираната артистичка елација, овие два исклучителни македонски музичари со своите песни и изведби, секогаш допираат до сетилата на своите слушатели, а не потфрлаат да ги поттикнат и размислувањата и ставовите во општеството.

За што станува збор, македонската јавност ќе дознае наредната недела.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.