Следната недела ќе се гласа за доверба на Самарас

По разменувањето на острите критиски меѓу грчкиот премиер Андонис Самарас и лидерот на Нова демократија, Евангелос Венизелос, грчката Влада одлучи следната недела да се побара гласање за довербата во Парламентот.

Со гласањето на доверба ќе се побара „ Грција да демонстрира институционална стабилност”.

За време на средбата Самарас и Венизелос тие разговарале и за прашањето за изборот на шеф на државата, бидејќи ингеренциите на актуелниот претседател Каролас Папуљас завршуваат во февруари идната година, а тој нема право да се кандидира за трет мандат.

„Решени сме да ја демонстрираме политичка стабилност и единствена национална стратегија. Гласањето доверба ќе стави крај на политичката неизвесност, која се појави во последно време. Неодговорните политички сили и демагозите нема да успеат во обидот да ја пропаднат земјата. Грција ќе оди напред“ изјавил Венизелос по средбата со Самарас.

СИРИЗА, најголемата грчка опозициска партија, наведува дека одлуките на Самарас и Венизелос се „очајнички обиди да останат на власт уште неколку месеци”.

„Гласање на доверба може да ја даде само народот“, истакнал Панајотис Лафазанис, парламентарниот претставник на СИРИЗА.