Следната недела ќе се работи само три дена

По повод празникот 24-ти мај „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители, што годинава се паѓа во недела, неработен ќе биде 25-ти мај (понеделник).

По овој продолжен викенд во мај за сите граѓани на Македонија следува уште еден продолжен викенд за граѓаните од православна вероисповед.

По три дена работа, православните верници добиваат уште еден неработен ден – петок, 29-ти мај кога е Духовден, петок пред Духовден.