Следната недела оглас за четири владини мерки за вработување

Следната недела треба да биде објавен оглас за четири мерки преку Агенцијата за вработување со кои државата на невработените лица им помага да почнат сопствен бизнис.

-Веќе следната недела се планира нов оглас за четирите мерки кои делумно се кредитирани со многу поволни услови, а дел се грантови. Тука се мерките за самовработување, мерките за младите до 29 години, како и други мерки со кои им се помага на многу луѓе со грант од државата да дојдат до средства со кои ќе може да започнат сопствен бизнис, информира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски при денешната посета на Свети Николе.

На тој начин, според Груевски, огромен број невработени лица одлучиле да започнат свој бизнис и, како што рече, многу од нив се уште го водат тој бизнис и живеат од тоа, а понекогаш вработуваат и други луѓе.

– Ова се мерки коишто во минатото не постоеја. Ова се мерки кои дојдоа со доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт. Една по една се креираа и се уште успешно се користат. Секоја година се алоцираат средства за ова и секоја година со овие средства имаме нови невработени што стануваат вработени, рече Груевски, најавувајќи дека и во иднина ќе  продолжи реализацијата на тие мерки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.