Следната недела трилатерални преговори за гасот во Украина

Трилатералните преговори меѓу Русија, Украина и Европската унија за проблемите со цените на гасот за Украина, веројатно ќе бидат одржани следната недела во Брисел, изјави денеска извршниот директор на украинската енергетска компанија Нафтогас, Андриј Кобољев.

„Следната недела ќе биде одржан уште еден трилатерален состанок,“ изјави Кобољев и додаде дека не е одлучено за местото на преговори, но веројатно ќе биде во Брисел, пренесува Франс прес.

Европскиот комесар за енергетика Гинтер Етингер изјави дека датумот на следниот гасен состанок ќе биде соопштен по 8 септември.