Македонија

Следниот понеделник неработен за сите граѓани

Следниот понеделник неработен за сите граѓани

Следниот понеделник, деветти декември, ќе биде неработен за сите граѓаните на Република Македонија. Неработниот ден следи по повод празникот Св. Климент Охридски што се празнува на осми декември што оваа година се паѓа во недела, информира Министерството за труд и социјална политика.

Поради Законот за празници секој празник кој е неработен за сите граѓани, а ќе се падне во недела, понеделникот по него се прогласува за неработен.

Истовремено, Mинистерството за труд и социјална политика на сите граѓани на Република Македонија им го честита празникот “Св.Климент Охридски”.