Следниот самит на НАТО e во 2017 година во Брисел

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изјави денеска дека следниот самит на Алијансата ќе се одржи во 2017 година во Брисел.

Тој најави дека следниот самит ќе се одржи во седиштето на НАТО во Брисел чие реновирање е во тек, а ќе биде готово до следната година.

Лидерите на НАТО на самитот во Полска вчера одобрија испраќање по четири меѓународни баталјони, односно околу илјада војници во Полска, Литванија, Летонија и Естонија како и романско-бугарска бригада во црноморскиот регион.