Следиот самит на НАТО ќе биде на 8 и 9 јули идната година во Варшава, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг.
Средбата ќе се одржи во одлучувачко време на разместување на тектонските плочи на евро-атлантската безбедност на исток и на југ, истакна Столтенберг, нагласувајќи дека Алијансата веќе е во процес на најголемо зајакнување на заедничката заштита од крајот на студената војна.
Во Варшава ќе разговараме за насоката на Алијансата и нејзината усогласеност со новиот амбиент на безбедноста, така што НАТО ќе остане во способност да ги заштити своите сојузници против секоја закана, изјави Столтенберг.