Следува период на стабилно време со ниски утрински температури

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, особено претпладне. Ќе дува умерен, а попладне и во ноќните часови повремено засилен северен ветер. Максималната температурата ќе биде во интервалот од 12 до 18 степени.

Утре во утринските часови ќе има слаб локален дожд, а во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува умерен, на места засилен северен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од околу 70 км/час. Потоа следува период на стабилно време со ниски утрински температури и постепен пораст на дневните температури.

Агрометеоролошка препорака: Сувото и стабилно време во наредната седмица ќе овозможи дособирање на останатиот род од нивите, најизразено кај виновата лоза кај која интензивно се берат винските сорти грозје, па градинарството на отворено и овоштарството. Ниските но сепак позитивни утрински температури не предизвикуваат никакви штети кај културите.