Следуваат дождливи денови

Под влијание на влажен бран и утре ќе има врнежи од дожд, особено претпладнето.

Од УХМР информираат дека на повеќе места се очекува врнежите да бидат пообилни (над 20 л/м2).

Во петок и сабота времето ќе биде претежно стабилно, а од недела повторно ќе има локални врнежи од дожд.

Времето денес пак е променливо облачно, под влијание на влажен бран попладне и во текот на ноќта со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Највисоката дневна температура ќе се движи од 12 до 17 степени.

Во Скопје променливо облачно, попладне и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб северозападен ветер.

Температурата ќе достигне до 17 степени.