Колумни,Македонија

Слета ли мувата на капата на Кабранов?

Слета ли мувата на капата на Кабранов?

Редакцијата на Нетпрес, по објавениот коментар на раководителот на порталот „Либертас, Ацо Кабранов, за кој инспирација му бил текст објавен на сајтот на Нетпрес, каде тој лично никаде не е споменат, одлучи писмено да му одговори.

Господине Ацо Кабранов, во текстот под наслов „Сопруга на новинар апсена за проневера на злато?!“, објавен денеска на Нетпрес, иако никаде во четивото не е наведено ниту едно име на лице, освен на поранешната министерка за внатрешни работи, Доста Димовска, ниту пак на институција, а сепак тврдите дека во четивото станува збор за вас и за вашата сопруга.

Дали вие си ја имате мувата на капата, па сега ја ишкате?

Како и да е, вашето писание на вашиот портал потврдува во голема мера дел од сомневањата, напишани во текстот.

Редакцијата на Нетпрес јавно го прашува Кабранов:

– Ако навистина немало ништо, зошто тогаш господине Ацо Кабранов, како што самиот велите, сте се јавувале кај вашиот „систер Доста“ и кај Павле Трајанов?

– Дали сте блокирале работа на државни институции?

– Зошто сте биле замерени со Љубе Бошкоски, и зошто сте му толку многу должен на Љубомир Д. Фрчковски?

– Што тие направиле за да ве задолжат толку многу и затоа морате да одработувате за нив?

Господине Ацо Кабранов, вие признавате јавно дека сте се јавувале да спречите акција на државните органи на Република Македонија. Таа акција подоцна се потврдила како основана, бидејќи како што самиот кажувате бил уапсен директорот на компанијата „Рубин“. Зошто вие Ацо Кабранов сте и’ направиле непријатност на златарата, ако се знаело дека бил уапсен директорот?

Редакцијата на Нетпрес го повикува господинот Ацо Кабранов да не молчи, туку да одговори, или како што би рекол неговиот политички миленик Зоран Заев: Ќе кажеш, или ние да продолжиме?

П.С. Редакцијата на Нетпрес се извинува ако со напишаното „неговиот политички миленик Зоран Заев“, го навреди градоначалникот на скопската Општина Центар Андреј Жерновски, кој си го рекламира она што го сработил на порталот на Ацо Кабранов.

Со почит,

Редакција Нетпрес