Сликата и излезот се исти како во Втората светска војна

Карл Маркс рекол дека историјата се повторува два пати – еднаш како трагедија и друг пат – како комедија.

Вистината е друга. Повторувањето носи поголеми трагедии за народите, но затоа политичарите се безбедни и комедијанти.

Денес, ситуацијата во Европа е како пред 1941 година. Германски војници и непријателски тенкови се на 700 км од Москва, а Русија е целосно опкружена со воени бази. Германската канцеларка Ангела Меркел е во улогата на Хитлер (според квалификацијата на турскиот претседател Ердоган), а францускиот претседател Франсоа Оланд, е во улогата на марионетниот Петен. Премиерката на Велика Британија, Тереза Меј, дејствува во однос на Меркел (Хитлер) како некогашниот и претходник Чемберлен. Македонија пак е во улогата на тогашната Чехословачка, која мора да се распадне и да биде уништена. Тогаш во Чехословачка имало германско малцинство, кое сакало да се припои кон Германскиот Рајх. Денес во Македонија има албанско малцинство, кое сака да се присоедини кон „Голема Албанија“. Тогаш, претензии кон Чехословачките територии имале Полска, Украина и Унгарија. А, денес, претензии кон македонски територија имаат Албанија, Бугарија и Грција. Тогаш, гаранти на Чехословачка биле Франција и Велика Британија, но тие ја предале во рацете на Хитлер. Денес може да се рече дека како гаранти на Македонија и’ се Брисел и Вашингтон, но овие истите работат за нејзиното уништување.

Распаѓањето на Чехословачка се одвивало во три фази, а распадот на Македонија минува низ две фази – 2001 (Рамковен договор), 2015-2016 (Пржино 1 и 2) и се ближи трет, заклучен дел. Советскиот сојуз бил спремен воено да ја поддржи Чехословачка, но нејзините лидери одбиле од аспект на притисок и страв. Денес, Русија има предлог за воена неутралност на Македонија, Србија, Република Српска и Црна Гора, но македонските политичари се слепи и глуви за тоа.

ЗАКЛУЧОК: ЧЕХОСЛОВАЧКА СЕ РАСПАДНА ЗАРАДИ СВОИТЕ ПОЛИТИЧАРИ-ЛИГУШИ И ПРЕДАВНИЦИ, НЕЗАВИСНО ОД МАСОВНИТЕ ПРОТЕСТИ И ДЕМОНСТРАЦИИ НА ГРАЃАНИТЕ.

ШТО СО МАКЕДОНИЈА?

  1. Македонија во нејзиниот 26-годишен ќорсокак се наоѓа заради раководствата на двете најголеми македонски партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Тие раководства се подметнати од надвор и реализираат туѓи непријателски интереси против македонската држава.
  2. Македонија се наоѓа во ќорсокак, затоа што се пропагираат партиски стратегии, а не национални. Па потоа продолжува пропагирањето и наметнувањето на партиските стратегии кон македонското име, историја, јазик и идентитет. Резултат од тоа е партискиот поглед врз македонската историја и трансформирањето на македонскиот народ во инструмент на тие интереси.
  3. Македонија е во ќорсокак, од аспект на додворувачката и улизувачка политика кон Вашингтон и Брисел, наметнуването врз македонскиот народ на туѓи евро-атлантски „вредности“, туркање на државата во рацете на нејзините закрвени непријатели од фашистичко-злосторничките организации НАТО и ЕУ.
  4. Македонија е во ќорсокак, заради директното предавство или лажниот патриотизам на македонските политичари, кои од една страна го повикуваат народот да ја одбрани државата (а, тие каде беа досега и каде се моментно да го поведат?), а истовремено ја трошат неговата енергија за безцелни дејствија наместо за вистинска одбрана. На тој начин, се трансформираат и сегашните протести како алатка за политички калкулации и пазарења.

ЗАКЛУЧОК: СО ТАКВИ ПОЛИТИЧАРИ КАКО ДОСЕГАШНИТЕ, РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА НЕ МОЖЕ ДА СЕ ЗАЧУВА КАКО УНИТАРНА ДАРЖАВА, СО СВОЕТО ИСКОНСКО ИМЕ, ТЕРИТОРИЈА, ЈАЗИК, ИДЕНТИТЕТ, ИСТОРИЈА И КУЛТУРА. ЏАБЕ СЕ СЕКАКВИ „ПАТОКАЗИ“ И „МАНИФЕСТИ“, ЗАТОА ШТО НЕМАТ ВРСКА НИТУ СО СЕГАШНОСТА, НИТУ СО ИДНИНАТА. ПОТПИШАНАТА РЕЗОЛУЦИЈА ПРОТИВ РУСИЈА ВО МАЛТА ОД РАКОВОДСТВОТО НА ВМРО-ДПМНЕ, ВО МОМЕНТ КОГА РУСИЈА ЈА ГАРАНТИРА ТЕРИТОРИЈАЛНАТА ЦЕЛОСТ НА ДРЖАВИТЕ ОД БАЛКАНОТ Е НЕВИДЕНА БРУКА И КАТАСТРОФА. ЗАТОА ВМРО-ДПМНЕ НИКОГАШ НА ИЗБОРИ НЕМА ДА ДОБИЕ 62 ПРАТЕНИКА.

МИНАТАТА ГОДИНА ЈА ОБЈАВИВ КНИГАТА „МАКЕДОНСКА НАЦИОНАЛНА ПРОГРАМА“ ЗА СТРАТЕШКИТЕ ИНТЕРЕСИ НА МАКЕДОНИЈА. ЕВЕ ГО И МОЈОТ „ПАТОКАЗ“ ЗА ИЗЛЕЗ ОД ДОСЕГАШНИОТ ЌОРСОКАК:

  1. Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов привремено да ја преземе ЦЕЛАТА ВЛАСТ во државата;
  2. Да именува (согласно член 124 и 127 од Уставот) нов премиер и нови министри, кои цврсто ќе ги бранат македонските национални и државни интереси;
  3. Привремено распуштање на политичките партии;
  4. Забрана на СЈО и на Соросовите организации;
  5. Прифаќање на планот на Русија Б4, за воена неутралност на Македонија, Србија, Република Српска и Црна Гора;
  6. Потпишување на воен сојуз со Русија за гарантирање на територијалната целост на Македонија. Предлог за таков сојуз и со Кина;
  7. Потпишување на воен сојуз со Србија за заедничка одбрана;
  8. Потпишување на економска унија со Русија и со Кина.

КОЈ ИМА ОЧИ, ДА ЧИТА, ДА ПРАВИ СПОРЕДБИ И ДА СЕ СПРЕМА ЗА ВИСТИНСКА, А НЕ ЗА ТЕАТРАЛНА И УМЕТНИЧКА БОРБА!

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.