понеделник, 29 мај 2017  |  Вести денес: 46

„Слободен печат“ лут на Македонците кои не поддржаа кантонизација на Република Македонија

Медиумскиот мегафон на Сорос/СДСМ „Слободен печат“ на Бранко Героски повторно упати низа големи навреди до македонскиот народ.

„Слободен печат“

Поврзани вести

Во колумната наречена „Слободен удар“ на авторот Злате Лозановски, со огромна доза на лутина адресирани се мнозинството граѓани на Република Македонија само затоа што не размислуваат исто со авторот на колумната, односно не се на линија со уредувачката политика на гласилото на Сорос и СДСМ.

„Слободен печат“ го пробива дното со апсудрни обвинувања до Македонците кои не гласаа за кантонизација. Во колумната „Слободен удар“ се вели дека овие Македонци работеле на растурање на државата и дека Македонија била руина поради нивните одлуки.

Медиумот на Героски тврди дека Македонија била „поделена, понижена и обесмислена“ бидејќи мнозинството граѓани не гласаа за платформата за кантонизација и двојазичност која ја нудеше СДСМ, а беше верифицирана со бројот на гласови кои ги освои од албанскиот политички блок на последните парламентарни избори.

Токму Героски беше разочаран од објавената платформа на албанските политички партии под покровителство на премиерот на Албанија Еди Рама, изјавувајќи дека очекувал повеќе од истата и дека со неа не се правел историски исчекор каков што можело и требало да биде направен.

Во платформата која аналитичарите коментираат дека постои само поради сервилниот пристап на СДСМ кон албанските гласачи, се заговара отворање дебата за промена на државното знаме, химна и грб, како и промена на уставот.

Бранко Героски одамна и без задршка заговара отворање и на дебатата за федерализација на Македонија, а СДСМ во својата програма имаше предвидено токму вовед во кантонизација и федерализација на државата преку зголемување на ингеренциите на локалните единици по примерот на швајцарските кантони.

Откако на изборите мнозинството од македонскиот народ не ги поддржа политиките за кантонизација и двојазичност, Героски како мегафон на СДСМ и Сорос преку неговите колумнисти повторно со груби навреди ги клевети македонските граѓани дека работеле на растурање на земјата затоа што не сакаат нејзина поделба. Врв на апсурдот.

Ова не е прв пат Героски да упатува големи навреди до македонскиот народ кој не ги дели неговите идеи за иднината на Македонија. Токму на насловна страна на неговиот „Слободен печат“ гласачите на ВМРО-ДПМНЕ не толку одамна беа поистоветени со стадо овци.

Ваквата реторика е често присутна меѓу СДСМ-овските функционери и активисти. Пендаровски народот кој гласа за ВМРО-ДПМНЕ го нарече „стока“, а за Фрчковски овие граѓани се „не баш мислечка руља“.

Героски во „Плус Инфо“ и „Слободен печат“ редовно им отстапува простор и на други многу побрутални навреди кон македонскиот народ кои ги упатуваат ликови како Бранко Тричковски и новопечениот вработен во СЈО Боки Бургија.

Најчитани вести